Пехарот наменет за победникот во Лига Европа бил украден во мексиканскиот град Леон.

Трофејот, кој е на светска трунеја со цел љубителите на фудбалот од повеќе земји да имаат можност да го видат во живо и да се фотографираат со него, бил украден од возилото со кое е превезуван низ Мексико.

Мексиканската полиција соопшти дека возилото било нападнато, но дека успеала да го пронајде пехарот, без притоа да наведе повеќе детали.

Властите само објавија фотографија со текст дека пехарот повторно е во сигурни раце.

Мексико е една од најнебезбедните земји во светот, поради високата стапка на криминал особено во некои делови на земјата.

Трофејот на 16 мај во Лион ќе му биде доделен на победникот во ова натпреварување.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/04/2018 15:18