Арсенал преговара со шпанскиот фудбалски стручњак Луис Енрике да биде новиот тренер на лондонскиот клуб.
Поранешниот тренер на Барселона од минатата сезона нема клуб и е без ангажман.
Британските медиуми наведуваат дека контактот со Енрике го остварил новиот директор за фудбалски операции на Арсенал, Раул Санлехи. Претходно, двајцата соработуваа во Барселона и одлично се познаваат.
Меѓутоа, како проблем може да се наметне евентуалното барање на Енрике да добие иста плата каква што земаше Арсен Венгер.
Енрике како тренер на Брселона два пати беше шампион на Шпанија, еднаш на Европа и три пати го освои шпанскиот куп.