Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе ги поддржува плановите на „Либерти медија“ за промени на моторите, но заканата за напуштање се уште останува, додека не бидат решени „економските прашања“.
Тренерот на Олимпик Марсеј Руди Гарсија истроши многу нерви во реваншот од полуфиналето во Лига Европа против Ред Бул Салцбург, но голот на дефанзивецот Роландо го одведе неговиот тим на последниот натпревар на турнирот.
Напаѓачот на Атлетико, Антоан Гризман по елиминацијата на Арсенал во полуфиналето на Лига Европа се надева дека овојпат ќе може да земе европски трофеј со тимот.
Тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеонe не можеше да го води тимот во реваншот од полуфиналето на Лига Европа против Арсенал, но ја преживеа секоја секунда од победата со 1:0 над Арсенал, која ги испрати „јорганџиите“ во финалето во Лига Европа.
Менаџерот на Арсенал Арсен Венгер ја пропушти својата последна шанса да освои европски трофеј на чело на „топџиите“. Поразот од Атлетико Мадрид се покажа како последниот меѓународен натпревар под раководство на Французинот.
Атлетико на реванш натпреварот во Мадрид го совлада Арсенал со 1:0 и со вкупни 2:1 обезбеди пласман во борбата за трофејот.
МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ го совлада Работнички со 80:76 во претпоследното, деветто коло од Супер лигата. За тимот од Аеродром ова е прва прволигашка победа над вечниот ривал сезонава.
Пласманот на Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите, откако ја совлада Рома со вкупен резултат од 7:6 во два натпревара, е причина за среќата не само за навивачите на клубот, туку и за ѕвездата на НБА - Леброн Џејмс.
Поранешниот репрезентативец на Англија, Френк Лампард е подготвен да ја преземе улогата на менаџер, но ја чека вистинската можност.
Екипата на европскиот ракометен шампион Вардар за вториот настап на „Фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампиони обезбеди блок билети за македонските навивачи.