Вечерва на програмата се преостанатите два четврт финални реванш дуели во Лигата на шампиони.
Баерн Минхен на Алијанц арена ја пречекува екипата на Севиља која патува за Минхен со негатива од првиот гол од првиот натпревар, додека пак во вториот дуел кој патем беше прогласен и за најинтересен меч во четврт финалето, Јувентус ќе му гостува на Реал.
Старата дама беше комплетно надиграна и прегазена на домашен терен со 3:0, со головите на Марсело и двата на Роналдо. Токму вториот гол на Роналдо беше магијата на вечерта која за многумина е најубавиот гол на сите времиња.
За потсетување, вчерашните четврт-финални двојки ги дадоа и првите патници во полуфиналето. Ливерпул беше подобар од Манчестер Сити со вкупен резултат 5:1 благодарение на победата на домашен терен од 3:0 и секако маестралната игра на Салах.
Во вториот дуел сензација приреди Рома, која по поразот на гости од 4:1 се консолидираше и успеа да ја понижи Барселона во Рим победувајќи ја со 3:0, резултат доволен за елиминација на каталонците.