Екипата на Реал Мадрид се избори за ново полуфинале во Лигата на шампионите, иако вечерва со 1-3 го загуби мечот со италијанскиот шампион Јувентус.
Во моментите кога сите очекуваа придолженија на „Бернабеу“, Бенатија стартуваше врз Васкез, а судијата Оливер без многу размислување покажа најстрога казна. Комплетниот тим на „старата дама“ бурно реагираше на оваа одлука на младиот англиски арбитар, Буфон дури заработи и исклучување, додека потегот кој го направи Џорџо Кјелини сигурно ќе биде забележан од страна дисциплинска комисија на УЕФА.
Тој во моментите на нервоза, ги праша играчите на Реал Мадрид, колку ги плативте судиите да ви свират пенал?