Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике беше прилично критичен кон тимот по минималниотуспех над Ваљадолид со 1:0 во натпревар од 24-тото коло на Ла Лига.
Тимот на Милан ја запиша втората последователна победа во Серија „А“, откако победи со 1:3 над Аталанта. „Росонерите“ продолжија со силни настапи по новата година и сега се четврти во Италија.
Дваесеткратниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед може да добие нови сопственици. Откако милијарди беа инвестирани во градскиот ривал Манчестер Сити од арапски сопственици, „црвените ѓаволи“, исто така би можеле да добијат слични средства од саудиското кралско семејство.
Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди не учествувал на последната тренинг-сесија на тимот поради проблеми со десното колено.
Сер Алекс Фергусон повторно ќе застане на чело на Манчестер Јунајтед. Ова ќе се случи на 26 мај, кога „црвените ѓаволи“ ќе обележат 20 години од нивниот историски „требл“.
По низата незадоволителни резултати во есента, Реал Мадрид небаре беа отпишани за титулата во Ла Лига, но во последниве недели тимот го стабилизира настапот и веќе е на 6 поени од лидерот Барселона. Логично веќе има прашања и за првото место, на кои тренерот Сантијаго Солари треба да одговара.
Рускиот фудбалски сојуз поднесе барање да биде домаќин на финалето на Лигата на шампионите во сезоната 2020/2021 во Санкт Петербург, соопшти генералниот директор на РФС, Александар Алаев.
Ѕвездата на Париз Сен Жермен ќе мора да забележи поголеми успеси со Бразил, пред да може да се споредува со Пеле и со останатите легенди на „селесао“. Ова е мислењето на менаџерот Жозе Мурињо.
Ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо запиша ново големо достигнување – гол плус асистенција во секој од неговите последни 3 натпревари во Серија А.
Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри му честиташе на Пауло Дибала за неговиот гол против Фросиноне во победата од 3:0 синоќа.