Финалистот во Лигата на шампионите, Тотенхем е новиот шампион во пријателскиот „Ауди Куп“.

„Петлите“ го совладаа германскиот шампион Баерн Минхен среде „Алијанц Арена“. Во регуларното време, двете екипи одиграа со резултат 2:2, а по изведување на пенали, Британците беа посмирениот тим и победија со 6:5.

Ерик Ламела го отвори резултатот во 19-тата минута, давајќи му на својот тим водство во финалето. До крајот на полувремето имаше неколку добри позиции пред двата гола, но на крајот немаше повеќе голови.

Во вториот дел Тотенхем повторно прв нанесе удар, откако во 59-тата минута Кристијан Ериксен го удвои резултатот. Само две минути подоцна, сепак, одговорија Баварците. Јан-Фите Арп врати еден погодок, а во 81 минута Алфонсо Дејвис успеа да израмни и да го однесе мечот на пенали.

При ударите од 11 метри, Давид Алаба и Кристијан Ериксен ги промашија првите пенали за своите екипи, па следеше серија од пет реализации за двата тима. Сепак, во шестиот обид на Баварците, Џером Боатенг промаши и му ја предаде титулата на противникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 13:33