Вчера беа одиграни пет нови реванш-дуели од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите.
Најинтерсно беше во Шведска, каде локалниот шампион АИК победи со 3:2 против Марибор, но тоа се покажа како недоволно и гостите продолжија да напредуваат благодарение на повеќето постигнати голови на туѓ терен. Одлучувачкиот гол за Словенците го направи Александру Кретсу во 117-та минута.
Црвена звезда загуби со 1:2 од ХИК Хелсинки, но со вкупен резултат 3:2 синајде место во следната рунда.
Неизвесно беше во судирот меѓу Розенборг и БАТЕ Борисов. Норвежаните победија со 2-0 со два гола во второто полувреме и со вкупен резултат 3:2 го елиминираа тимот од Белорусија.
Резултати, ЛШ, второ квалификациско коло:
ХИК Хелсинки – Црвена звезда 2:1 (0:0) * Црвената звезда оди понатаму по вкупен резултат од 3:2
Карабах – Дандалк 3:0 (1:0) * Карабах оди понатаму по вкупен резултат 4:1
Розенборг – БАТЕ Борисов 2:0 (0 0) * Розенборг оди понатаму по вкупен резултат 3:2
ФК Копенхаген – ТНС 1:0 (0:0) * ФК Копенхаген оди понатаму по вкупен резултат 3:0
АИК Стокхолм – Марибор 3:2 по продолженија (1:0, 2:1) * Марибор оди понатаму по вкупен резултат 4: 4 поради повеќе голови на туѓ терен.
Сите двојки во третото квалификациско коло на ЛШ:
ЦФР Клуж – Селтик АПОЕЛ Никозија – Карабах ПАОК – Ајакс Динамо (Загреб) – Ференцварош Црвена звезда – ФК Копенхаген Марибор – Розенборг Истанбул Башакшехир – Олимпијакос Краснодар – Порто Бриж – Динамо Киев Базел – ЛАСК Линц.