Управата на Манчестер Јунајтед ја донесе конечната одлука за случајот со трансферот со Хари Мегваер. „Црвените ѓаволи“ ќе платат 80 милиони фунти на Лестер за дефанзивецот, пренесува „Скај Спортс“. Така, Мегваер ќе стане најскапиот дефанзивец во светот, надминувајќи го досегашниот рекорд на Вирџил ван Дајк, кој му се придружи на Ливерпул во 2018 година за 75 милиони фунти.

На почетокот на седмицата, Мегваер пропушти тренинг сесија на „лисиците“, при што официјалната верзија е болест, но според многумина, причината била преговорите за трансферот на дефанзивецот во екипата на „црвените ѓаволи“.

Мегваер има договор со Лестер уште четири години, што му овозможи на неговиот тим да биде смирен дека нема да го продаде толку лесно. „Лисиците“ цврсто изјавија дека дефанзивецот не е на продажба, но тие на крајот имаат тенденција да го пуштат да оди на „Олд Трафорд“ доколку ја добија посакуваната сума, која според информациите би можела да достигне и до 90 милиони фунти.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2019 13:50