Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го објави списокот на кандидати за најдобар фудбалер на годината.
Меѓу кандидатите за титулата најдобар играч доминираат фудбалерите на европскиот шампион, односно Мохамед Салах, Вирџил ван Дијк и Садио Мане.
Меѓу кандидатите за најдобар играч на годината стандардно се најдоа аргентинскиот и португалскиот мајстор, Лионел Меси и Кристијано Роналдо. А на листата се наоѓаат и поранешниот двоец на Ајакс, Матијс де Лихт и Френки де Јонг, напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн, напаѓачот на ПСЖ, Килиан Мбапе и поранешен играч на Челзи, а сега ново засилување на Реал Мадрид, Еден Азар.
Минатогодишниот лауреат, Хрватот Лука Модриќ, оваа година го нема меѓи десетте кандидати за престижната награда.
Сепак, изборот на ФИФА не помина без жестоки критики во однос на тоа дека некои играчи неоправдано се изоставени од списокот. Како таков пример се наведува бразилскиот голман Алисон кој имаше фантастична сезона, и во дресот на Бразил кога ја освои Копа Америка, како и во дресот на Ливерпул кога стана европски шампион.