– „Бернабеу“ е одличен, но финалето и припаѓа на Јужна Америка. Како Аргентинец ме боли што ова финале ја напушти Аргентина. Но, она што се случи пред 15 дена не може да се толерира, изјави Скелото на денешната прес-конференција.
Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач ги разочара резервите во тимот со одлука во иднина да не прави речиси никакви промени меѓу стартерите.
Две од најголемите ѕвезди на Манчестер Сити – Серхио Агуеро и Кевин де Бруин, не се целосно закрепнати од своите повреди и нема да можат да учествуваат во утрешното дерби против Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ги пофали Маркус Рашфорд и Андер Ерера за нивниот настап во дербито против Арсенал, што заврши 2:2.
Во Фуфбалската Федерација на Македонија (ФФМ) денеска беа извлечени двојките за полуфиналето од Купот на Македонија.
Чезаре Прандели е новиот тренер на Џенова, соопшти клубот во Твитер. Поранешниот селектор на Италија ќе го одржи својот прв тренинг со својот нов тим попладнево. Претходно, Прандели работеше во Ал Наср.
Околу 500 агресивни навивачи се очекува да допатуваат во Мадрид за возвратниот натпревар од финалето на Купот Либертадорес. Ова го соопшти претставникот на шпанската влада во главниот град Хозе Мануел Родригез Урибес на радио станицата „Кадена Цер“. Според него, властите работат на обезбедување максимална сигурност.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема е прогласен за најдобар играч во месец ноември во шампионатот на Шпанија.
Менаџерот на „црвените ѓаволи“, Жозе Мурињо, го извади францускиот играч од средниот ред од стартниот состав за мечот против Арсенал. Информациите од Англија велат дека Португалецот го направил овој чекор поради лоша форма на Погба.
Белгискиот фудбалер на Интер, Раџа Наинголан, ќе го пропушти супер- дербито со Јувентус од 15-тото коло во Серија „А“.