Околу 500 агресивни навивачи се очекува да допатуваат во Мадрид за возвратниот натпревар од финалето на Купот Либертадорес. Ова го соопшти претставникот на шпанската влада во главниот град Хозе Мануел Родригез Урибес на радио станицата „Кадена Цер“. Според него, властите работат на обезбедување максимална сигурност.
– Шпанската национална полиција тесно соработува со аргентинската полиција, Постои група од 400-500 навивачи кои се особено агресивни, соопшти Урибес.
Вчера, Бока Јуниорс и Ривер Плејт започнаа со подготовките за вториот финален меч на Купот на Либертадорес. Дуелот ќе се игра в недела (9 декември) на стадионот „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид.
Бока Јуниорс работи во базата шпанската репрезентација, додека Ривер на инфраструктурата на “Реал”.
Претходно, двата клуба изјавија дека не сакаат да го играат натпреварот во Мадрид, но менаџментот на „CONMEBOL“ не ја промени својата одлука.
За потсетување, реваншот требаше да се одржи на 23 ноември на арената на Ривер во Буенос Аирес, но навивачите на овој тим го нападнаа автобусот со играчите на Бока при тоа повредувајќи неколку од нив. Потоа натпреварот беше одложен неколку пати з ана крај да биде тргнат од Аргентина поради безбедносни причини.
Првиот натпревар заврши со резултат 2:2.