Белгискиот фудбалер на Интер, Раџа Наинголан, ќе го пропушти супер- дербито со Јувентус од 15-тото коло во Серија „А“.

Тој се повреди за време на поразот од Тотенхем во Лигата на шампионите пред една недела (0:1).

Наинголан не беше вклучен во групата за натпреварот. Сепак, десноориентираниот дефанзивец Шиме Вршаљко се враќа за „нероазурите“.

Групата на Интер за дуелот со Јувентус: Хандановиќ, Падели, Берни, Вршаљко, Де Вриј, Ранокиа, Асамоа, Миранда, Д’Амброзио, Шкриниар, Гаљардини, Весино, Жоао Марио, Борха Валеро, Перишиќ, Брозовиќ, Икарди, Лаутаро Мартинез, Кеита Балде, Политано, Кандрева.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 09:57