Две од најголемите ѕвезди на Манчестер Сити – Серхио Агуеро и Кевин де Бруин, не се целосно закрепнати од своите повреди и нема да можат да учествуваат во утрешното дерби против Челзи на „Стемфорд Бриџ“.

Аргентинецот, кој има 10 голови во 16 натпревари во сезоната, заработи повреда во понеделникот, поради која го пропушти гостувањето на Ватфорд. Де Бруин доби уште една повреда на коленото за време на фудбалскиот натпревар во „Карабао Купот“ минатиот месец. Пред извесно време се појавија информации дека тој се опоравува побрзо од очекуваното и ќе биде спремен за гостувањето кај Челзи. Сепак, Пеп Гвардиола ја отфрли оваа можност.

– Двајцата нема да може да играат. Ќе се вратат сепак наскоро. На „Стемфорд Бриџ“ секогаш е тешко. Имав многу натпревари на овој терен, но победив само еднаш – минатата сезона. Повеќето пати сум губел таму, изјави Гвардиола на денешната прес-конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/12/2018 22:57