Германскиот шампион Баерн Минхен можеби ќе го продаде својот најдобар стрелец Роберт Левандоски, кој објави желба да си замине. Клубот кој ќе сака да го ангажира полскиот репрезентативец ќе треба да плати 200 милиони евра, објавија германските медиуми.
Ливерпул е заинтересиран за репрезентативецот на Швајцарија Џердан Шакири, кој нема намера да остане во Стоук Сити откако испадна од Премиер лигата, пренесе „Гардијан“.
Палестинските екстремисти успеаја да издејствуваат откажување на мечот помеѓу Израел и Аргентина, а на удар се најде и Лионел Меси.
Дефанзивецот на ВБА, Џони Еванс ќе премине во Лестер, пренесе „Скај Спортс“.
Во моментов, тренерскиот пост на „кралевите“ е испразнет откако Зинедин Зидан изненадувачки реши да поднесе оставка само неколку дена по третиот последователен триумф во Лигата на шампионите.
По серијата скандали кои се случија на фудбалски план пред се со прославата на титулата на Шкендија и провокацијата испратена од Балистите, ФФМ не превзема конкретни мерки против актуелниот шампион, па не се очекува да има реакција и за овој преседан.
Откако вчера се пофали со трансферот на бразилскиот играч од средниот ред, Фред, Манчестер Јунајтед денеска ја објави својата втора нова аквизиција за летото.
Селекцијата на Вардар до 18 години не успеа да се пласира во полуфиналето на фудбалскиот Куп на пријателство што се одржува во Златибор, Србија.
Поранешниот извршен директор на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, денеска е осуден на шест и пол години затвор поради финансиски малверзации во клубот.
Напаѓачот на англиската фудбалска репрезентација Хари Кејн може да го пропушти првиот натпревар на Светското првенство 2018 против селекцијата на Тунис.