Францускиот весник „Л’Екип“ повикувајќи се на неименуван извор објави дека натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите меѓу ПСЖ и Црвена ѕвезда наводно бил наместен.
Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски потврди дека осум фудбалери од утринските часови почнале да се жалат на стомачни мачнини.
УЕФА го казни загребски Динамо со затворање на северната трибина на натпреварот против Спартак од Трнава и со вкупна парична казна од 63.000 евра поради однесувањето на хрватските навивачи на натпревариот во Брисел против Андерлех во Лига Европа.
Фудбалерот на Челзи, Еден Азар, е прогласен за најдобар играч за месец септември во Премиер лигата, додека тренерот на Вулверхемптон, Нуно Еспирито Санто, е прогласен за најдобар менаџер во лигата.
Фудбалерот на Арсенал Арон Ремзи потврди дека ќе го напушти клубот. Тој зборуваше првпат откако стана јасно дека тимот ја повлекол својата понуда за нов договор.
Светскиот рекордер во спринт на 100 и 200 метри, Усаин Болт ги постигна првите два гола за професионален фудбалски тим.
Французинот Тиери Анри в понеделник ќе го преземе Монако, пишува „Скај Спортс“.
Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп изјави дека во фудбалот второто место не значи ништо. За последен пат тимот освои трофеј во 2012 година, кога го освои Лига Купот со Кени Далглиш.
Четворица фудбалери на македонскиот национален тим имаат симптоми на стомачен вирус, објавија од федерацијата, на еден ден пред почетокот на дуелот со Лихтенштајн во Лигата на Нации кој ќе се одигра утре од 20.45.
Српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ рече дека победата на Србија над Црна Гора (2:0) не била лесна како што изгледало и призна дека е задоволен што учествувал при постигнувањето на вториот гол.