Македонската репрезентација до 21 година го заврши циклусот квалификации за пласман на Европското првенство со убедлив триумф од 6:1 против Гибралтар. Селекторот Добринко Илиевски ја предводеше Македонија до 21 година на четирите последни меча од овој циклус, остварувајќи четири бодови од исто толку натпревари.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Модриќ, смета дека ако тој не ја добие „Златната топка“ тогаш наградата треба да му припадне на Антоан Гриземан од Атлетико Мадрид.
Играчот од средниот ред на Челзи, Еден Азар е задоволен од начинот на кој игра под водство на Маурицио Сари. Според белгискиот репрезентативец, Челзи добил многу со доаѓањето на Сари.
Светското фудбалско првенство, што летоска се одржа во Русија, за тамошната економија во периодот 2013-2018 значеше приход од 952 милијарди рубљи, или околу 12,5 милијарди евра, објави Организациониот комитет на Мундијалот.
Реал Мадрид го контактираше поранешниот тренер на Јувентус и Челзи, Антонио Конте, објави „Кориере дело Спорт“. Сегашниот предводник на „кралскиот клуб“, Јулен Лопетеги, е на прагот на отпуштање по серијата од четири натпревари без победа.
Репрезентативецот на Сенегал и член на англискиот премиерлигаш Ливерпул, Садио Мане, успешно e опериран по повредата на раката.
Американскиот милијардер со пакистанско потекло Шахид Кан се откажа од купувањето на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Искусниот италијански тренер Фабио Капело смета дека фудбалерот на Интер, Мауро Икарди, може да ја преземе улогата на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид.
Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус го поддржа селекторот Јоаким Лев и покрај серијата од лоши резултати на националниот тим.
Легендарниот јамајски атлетичар Усеин Болт, кој почна да се занимава професионално со фудбал, ја одби понудата на фудбалскиот клуб Валета од Малта да потпише двегодишен договор.