Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман го критикуваше изборот на ФИФА која меѓу тројцата кандидати за најдобар играч на светот не номинираше ниту еден од француската репрезентација која го освои трофејот на Мундијалот оваа година.
Легендарниот тандем на Милан, Силвио Берлускони и Адриано Галијани, од времето кога „Росонерите" беа пет пати шампиони на Европа, повторно можеа да се вратат во фудбалот и да го преземат италијанскиот третолигаш Монца, објави италијанскиот Скај Спорт.
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез изјави дека ќе го напушти тимот кога ќе сфати дека повеќе нема да може да одговори на задачите. Според Уругвајскиот, така е фер кон клубот.
Фудбалската репрезентација на Колумбија ќе треба да си бара нов селектор по оставката на досегашниот Хосе Пекерман.
Македонската фудбалска репрезентација утре против Гибралтар ги почнува натпреварите од Лига на Нации. Дефанзивецот Стефан Ристовски во новото натпреварување гледа убава шанса која мора да се искористи.
Серија „А“ излезе со предупредување до сите клубови во италијанската елита дека започнува да наметнува строги казни заради користење на неофицијални капитенски ленти од следниот, 4-ти круг на шампионатот.
Швајцарските фудбалери Џердан Шаќири и Гранит Џака се извинија за прославата на головите против Србија на Светското првенство во Русија.
Суперѕвездата на Пари Сен Жермен, Нејмар да Силва одлучи уште отсега да стартува психолошката војна против Ливерпул, со кој ПСЖ е во иста група во Лигата на шампионите.
Кристијано Роналдо заработува речиси три пати повеќе пари во однос на вториот најплатен играч во Серија „А“ - Гонзало Игуаин.
Напаѓачот на Челзи Алваро Мората (25) призна дека посакал ова лето да го напушти клубот од Лондон. Шпанецот бил разочаран од фактот дека не беше повикан во тимот за Светското првенство во Русија.