Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, нема повеќе трпение кога станува збор за Пол Погба, бидејќи според него Французинот кој пристигна пред две и пол години во Англија за 105 милиони евра не ги оправдал очекувањата.
Британските медиумите пишуваат дека Мурињо станува се понервозен за тоа што Погба троши повеќе време на својот имиџ на социјалните мрежи, отколку на фудбал. А вакви забелешки 25-годишниот фудбалер добил и од повозрасните колеги.
Наводно португаскиот стручњак на прво место ги сака Тони Крос и Рафаел Варан од Реал Мадрид, кои вредат 115 и 80 милиони евра, а за нив би им го понудил Погба плус парични средства.
Во случај Реал Мадрид да одбие би им го понудил на Пари Сен Жермен за Марко Верати.