Германскиот фудбалер Тони Крос беше самокритичен по синоќешниот пораз на неговата репрезентација од Бразил во Берлин со 1:0.

Иако, тоа беше прв пораз за светскиот првак по 22 натпревари, Крос смета дека Германија не е толку силна како што има мислење во јавноста.

- Покажавме дека можеби не сме така добри како што некои луѓе мислат, или како што ние самите мислиме. Беше прелесно да се игра против нас. Изгубивме премногу топки, а тоа се должи на технички грешки, но и на нашата неподготвеност за дуел игра. Има на што да работиме до почетокот на Мундијалот, истакна Крос.

Германија на СП ќе игра во Ф-група со Мексико, Шведска и Јужна Кореја.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 11:05