Селекторот на аргентинската фудбалска репрезентација, Хорхе Сампаоли вината за синоќешниот убедлив пораз од Шпанија ја префрли кон себе и побара новинарите и јавноста да не ги обвинуваат играчите.

- Јас ја преземам целата одговорност. Не ги обвинувајте играчите за овој кошмар. Но разликата меѓу селекциите не беше толкава колку што покажува резултатот. Ја научивме лекцијата и тоа сигурно нема да се повтори, рече Сампаоли.

Аргентина синоќа загуби од Шпанија со 6:1 што е трет нејзин таков пораз во историјата.

По очајните квалификации во кои „Гаучосите“ со крајни напори изборија пласман на Светското првенство, Сампаоли повторно е на „тапет“ кај Аргентинците, најмногу поради изборот на играчите кои настапија против Шпанија.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2018 11:34