Општинските изборни комисии во Тетовско добиле потврда од вкупно 265 избирачки места дека гласањето во вториот круг од Претседателските избори е започнато во 7 часот и се одвива во најдобар ред
На 37 избирачки места во општина Гевгелија, каде право на изјаснување имаат 19.242 граѓани, утрово точно во 7 часот почна гласањето од вториот круг на претседателските избори, соопштија од ОИК – Гевгелија
Сто и девет гласачки места во четири општини од Тиквешко беа навреме отворени за вториот круг од претседателските избори, гласањето тече без проблеми, соопштија претседателите на опптинските изборни комисии
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија соопшти дека нивната канцеларија денеска ќе биде отворена во текот на целиот ден за да им овозможи на граѓаните да пријават повреда на избирачкото право за време на Претседателските избори
Сите избирачки места во Преспа се отворени утрово во 7 часот, информира претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански
Гласачките места се навреме отворени, а гласањето тече без проблеми на вториот круг од претседателските избори
Во најзападниот дел на државава, општините Дебар и Центар Жупа, сите 43 избрачки места се отворени навреме и гласањето за вториот круг за избор на претседател на државава почна и се одвива непречено
Општинските изборни комисии во Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила, утрово потврдија дека на сите избирачки места е во тек изборниот процес во тамошните општини
Според Општинската изборна комисија, сите 115 избирачки места во Општина Кичево се отворени навреме, а гласањето се одвива непречено и без проблеми
Утринава, како што рече Ајрула Ќерими, заменик претседател на ОИК Куманово, точно во седум часот без никакви проблеми стартуваше вториот круг од шестите претседателски избори на Република Македонија