Во рамки на првиот ден од Меѓународниот Саем на туризмот во Белград, градот Охрид и в.д. градоначалникот д-р Консантин Георгиевски, на еден од најпознатите белградски сплавови „Амфора“ на Дунав, традиционално ја одржа Охридска промотивна туристичка вечер, со што го презенираа Охрид и Охридското езеро како една од омилените туристички дестинации на гостите од Србија.
На југот на Полска се наоѓа една необична „солена пештера“ – музеј, што се наоѓа на 327 метри под земјата.
Венециските локални власти ќе наплаќаат од 2,5 од 10 евра за влез во историскиот центар на градот, со што ќе се ограничи бројот на туристи кои честопати и го пренатрупуваат градот.
Во Норвешка пет метри под површина на морето се отвора првиот подводен ресторан во Европа, а се оценува дека тој воедно ќе биде и најголем од таков тип во светот, кој ќе може да услужи околу 100 луѓе. Изградбата е при крај и првите гости се очекуваат веќе во април оваа година.
Сите четири ски лифтови, Тетекс 1 и 2, Аеродром и Ге како и двете жичарници Свети Илија и таа на една од најатрактивните патеки Церипашина се целосно подготвени за претстојната скијачка сезона во зимскиот центар Попова Шапка информираа од Елем турс. Нивниот капацитет изнесува околу 1800 скијачи за еден час.
Во април следната 2019 година, Норвешка ќе го отвори својот прв подводен хотел ресторан, кој ќе има капацитет од 80-100 гости, но ако некој сака да резервира сега, првите шест месеци по отворањето се веќе букирани.
Хотелот во Кина изграден во јама од напуштен рудник Интерконтинентал Шангај Вондерленд, познат и како „Длабокиот Пит“ е и официјално пуштен во употреба.
Тивко, опуштено, живописно, едноставно, и задоволувачки рурално – тоа е најчестиот опис на алпското село Шампери во југозападна Швајцарија, што е речиси совршена дестинација за зимски одмор.
Во Шангај е изграден хотел во длабока дупка од некогашен рудник. Хотелот „Intercontinental Shanghai Wonderland“ има 18 спратови, од кои 16 се под земја.
До 2030 година Кина може да ја истисне Франција од првото место по посетеност и туризам, посочува новиот извештај на Евромонитор Интернајшнл.