Цената на биткоинот го достигна минимумот, бидејќи оваа криптовалута падна за 400 долари во последните неколку часа. Биткоинот моментално вреди помалку од 6.500 долари.
Фејсбук постојано го нагласува фактот дека секој од нас избира каква содржина да сподели на неговиот или нејзиниот профил и кој може да ја види.
„Сијаоми“ ги претстави своите нови модели „Редми 8“ и „Редми 6А“ во Кина.
Фејсбук соопшти дека личните пораки на 14 милиони корисници по грешка биле изнесени пред пошироката јавност четири дена, во периодот од 18 до 27 мај.
„Мајкрософт“ тестира користење на подводен центар за податоци во рамките на проектот „Natick“. Експерименталниот објект, внесен во контејнер, се наоѓа на морското дно во крајбрежјето на Шкотска, соопшти „Форчн“.
„Google“ може да добие многу сериозни парични казни од Европската унија. Во тек е истрага за анти-монополските прекршувања во врска со оперативниот систем „Android“.
Компанијата „TCL Communication“, на која припаѓа во моментов брендот „BlackBerry“, претстави нов смартфон - „BlackBerry Key 2“. Тој доаѓа на местото на минатогодишниот „BlackBerry KeyOne“ и е првиот паметен телефон на брендот со двојна камера.
„LG“ официјално го објави својот нов „Q-Stylus“ смартфон од средна класа. Тој ќе биде достапен во три варијанти со имиња „Q Stylus“, „Q Stylus +“ и „Q Stylusα“.
Во текот на наредната недела „Фејсбук“ ќе ја тргне опцијата „популарни вести“ (trending news) што се наоѓаше на десната страна на десктоп-верзијата на оваа популарна социјална мрежа.