„LG“ официјално го објави својот нов „Q-Stylus“ смартфон од средна класа. Тој ќе биде достапен во три варијанти со имиња „Q Stylus“, „Q Stylus +“ и „Q Stylusα“.
Во текот на наредната недела „Фејсбук“ ќе ја тргне опцијата „популарни вести“ (trending news) што се наоѓаше на десната страна на десктоп-верзијата на оваа популарна социјална мрежа.
Американската корпорација Епл ја претстави својата нова верзија на мобилниот оперативен систем ИОС, на годинешната конференција на компјутерските експерти, која деновие се случува во Сан Хозе, Калифорнија, и којашто трае пет дена.
Според германскиот новинар Роланд Кванд, „ХМД Глобал“ во моментов развива паметен телефон на „Нокиа“ кој ќе го користи новиот „Квалком“ процесор. Уредот е со кодно име „Phoenix“ и најверојатно ќе биде претставен на есен.
Социјалната мрежа „Фејсбук“ доставувала огромно количество лични податоци за корисници на компании како „Амсазон“, „Епл“, „Блекбери“, „ХТЦ“, „Мајкрософт“, „Самсунг“ и десетици други производители на уреди, пишува „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на извори од самата социјална мрежа.
Софтверскиот гигант Мајкрософт ќе ја купи платформата ГитХаб на која програмерите се собираат за да постават програмски кодови и да ги прегледаат.
Откако Huawei го објави импресивниот P20 Pro, телефоните со три камери на задниот панел ќе станат се попопуларни и ќе се појавуваат кај се повеќе и повеќе производители.
Huawei не го заборавила својот предводник од крајот на минатата година Mate 10 Pro и продолжува да додава дополнителни функционалности во него.
Кинеската компанија „Ксиаоми“ официјално го претстави својот нов предводник и така ги потврди повеќето постоечки гласини за уредот.
Изворите на весникот потврдиле дека „Pixel 3 XL“ ќе биде со исечен на врвот дисплеј, додека неговиот помал брат ќе има поконвенционален изглед.