Апликацијата е целосно бесплатна за преземање од „ГуглПлеј“ и „Хуавеи ЕпГалери“, па дури и не бара брендиран паметен телефон за работа. Во моментов има 10 јазици на знаковен јазик (вклучувајќи ги и повеќето европски јазици).
Телеком операторот „Веризон Комуникејшнс“ работи со „Самсунг Електроникс“ на промоција на првиот „5Г“ смартфон на пазарот во САД. Уредот се очекува да се појави во првата половина од 2019 година.
Многу компании во Германија сериозно размислуваат за варијантата да ја заменат својата внатрешна „ви-фи“ инфраструктура со затворени „5Г“ мрежи, соопшти „MИT Технолоџи Ривју“.
Туристичката организација во Вајоминг побара од посетителите да престанат на Инстаграм да се означуваат на познатото езеро Делта, со цел да се заштитат шумите и езерската вода од голем број туристи.
Пазарната вредност на Мајкрософт ја надмина вредноста на Епл за првпат по осум години. Цената на акциите на тој софтверски гигант во последно време расте, додека акциите на Епл се под притисок поради информации за успорување на растот на продажбата на Ајфон.
Некогаш имаме потреба да избришеме пораки од ѕидот на нашиот Фејсбук профил, бидејќи не сакаме да ги видат другите корисници. Во некои ситуации, содржината можеби не е соодветна и не сакате таа да биде јавно достапна за секого.
За да го прослават објавувањето на Huawei Mate 20 Pro и да ја покажат моќната вештачка интелигенција на паметниот телефон, заеднички тим на уметници се здружи за да преземе возбудлив предизвик: да го фатат звукот на светлината. Проектот ја поврзува технологијата и уметноста за да го трансформира фасцинантниот природен феномен, Northern Lights, во нешто сосема ново - звук на светлечка симфонија.
Сензорната технологија ЛиДАР (LiDAR) за автономни возила ќе биде промовирана од Волво и стартапот Луминар на автомобилскиот саем „Аутомобилити ЛА 2018“ во Лос Анџелес. ЛиДАР користи импулсни ласерски сигнали за откривање на објекти и е клучен елемент во создавање безбедни автономни возила.
Уште неофицијални информации сугерираат дека Самсунг Галакси Ес10 + може да има неверојатни 12ГБ РАМ меморија, надополнета со 1 ТБ за складирање податоци.
Автомобилски инженери направија тест возење при екстремни зимски услови на новиот теренец „Хјундаи Палисејд“, кој ќе биде официјално претставен на Автосаемот во Лос Анџелес.