– Наместо да настапи државнички, денеска Ѓорѓе Иванов кон граѓаните упати пораки кои повикуваат на натамошни делби и кои дополнително се спротивставуваат на концептите за градење на едно, единствено и заедничко општество, се вели во соопштението.
Портпаролот на Светиот архиерјски синод на МПЦ-ОА, г. Тимотеј по денешната синодска седница изјави дека Синодот го прифатил извештајот од почнатите разговори на црковните комисии на МПЦ и БПЦ и дека одлучиле тие разговори да продолжат.
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје го одобри обвинителниот акт за предметот на СЈО „Тендери“.
Со овој закон, заради краткорочни политички поени се доведуваат во прашање трајните интереси на Република Македонија и македонскиот народ.
Премиерот Зоран Заев вели дека сѐ уште нема суштински разговори за прашањето за името, но оти има решителност за решевање на овој проблем за што, според него, одличен период е првото полугодие на следната година.
Ја поздравувам посветеноста на Владата на процесот на изнаоѓање на решение за прашањето за името. Надминувањето на ова прашање суштински ќе влијае на стабилноста и просперитетот на целиот регион.
Владата на Косово, пак, одлучи да определи финансиска помош за актерите ангажирани во насилните и терористичките акти во Гошинце и Куманово. Така ли косовската влада ја изрази благодарноста за згрижувањето на над 350.000 косовски бегалци.
Амбивалентноста кон Македонија денес е основа за нови кризи утре. Единствен начин Македонија да се врати во нормала е ако час поскоро влезе во НАТО и добие датум за почеток на пристапните преговори со Унијата.
Комисијата за надворешна политика денеска му предложи на Собранието да го усвои Предлог – закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.
Со други зборови, жариштето на речиси секоја, па и на оваа политичка криза во Македонија е лоцирано на едно место, а тоа е Управата за безбедност и контраразузнавање и нејзиниот оддел за техничка поддршка.