ЖРСМ Транспорт АД-Скопје соопшти дека прекинот на железничкиот сообраќај што стартуваше изутрина во седум часот е незаконски.
Поради голем интерес и на барање на домашните компании, рокот за аплицирање по редовна постапка за јавниот повик за кофинансирани грантови за технолошки развој е продолжен до 10 февруари, 2020 година.
Во текот на месец јануари, царинските службеници открија 4 илегални мигранти и повеќе обиди за криумчарење стока, при што се задржани моторцикл, делови за моторни возила, облека, женски чанти, обувки, статуетки, футроли за очила и цигари.
Министерството за економија вчера го објави јавниот повик за поддршка за занаетчиството, денеска за туризмот, а утре ќе биде објавен повикот за субвенции за печки на пелети, кои се предвидени во годишните програми, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши
Финалниот дравт текст за новиот закон за туристичка дејност е готов, но се уште течат преговорите со осигурителните компании за тие да ги покриваат полисите за туристички аранжмани
Субвенциите за оддржување на лозовите насади се веќе на сметките на лозарите, соопштија денеска од Неготино директорот на Платежната агенција, Николче Бабовски и шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство, Никица Бачовски
Граѓаните се приморани да земаат кредити за да преживеат, додека компаниите се помалку земаат кредити од банките, поради лошата состојба во економијата, односно мислат дека ризикот е преголем за да инвестираат, вели, дополнителен заменик министер за финансии Гордана Димитриеска Кочоска,
– Управата за јавни приходи уште еднаш апелира до граѓаните да ги проверат своите трансакциски сметки и доколку има грешка во внесувањето, да ја коригираат со цел навремена и ефикасна исплата, напиша Лукаревска.
Како одговорна институција за безбедноста на храната и заштитата на правата на потрошувачите, најодговорно тврдиме дека во земјава се увезува безбеден и квалитетен мед и дека на македонскиот пазар не се продава мед по потекло од Кина.
Досега во земјава се откупени 24 800 тони тутун што е 93 отсто, по просечна цена од 221 денар за килограм откупен тутун, информира директорот на државниот инспекторат Зоран Шапуриќ.