Како што соопшти, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, новина со повикот е тоа што сите баратели прво треба да достават барање за користење на средства, откако ќе склучат договор, да ја отпочнат реализацијата на инвестицијата. Претходно, прво се набавуваше приплоден добиток, па потоа се бараше поврат на средствата.
Економскиот факултет – Љубљана денеска во Стопанската комора на Македонија организира Бизнис отворен ден 2019.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре ќе учествува на форумот „Берлинскиот дијалог за енергетска транзиција“, кој се одржува во Берлин, во организација на Федералното министерство за надворешни работи.
Оперативните мерки за вработување, меѓу кои Младинската гаранција ги даваат посакуваните резултати. Се намалува севкупната невработеност, која сега изнесува 19, 4 отсто, како и невработеноста кај младите која од 48,2 отсто во 2016 е намалена на 45,8 отсто во 2018 година
Во организација на Travel Shop, Work Shop и Skytour Албанија денеска во Охрид пристигнаа 60-тина тур-оператори од Европа, Америка и Азија, кои почнаа кружна балканска тура веднаш по завршувањето на Саемот за туризам ITF Тирана (EXPOCITY) во Тирана.
Процесот на раздолжување на општините е во тек, а министерот за финансии Драган Тевдовски е оптимист дека општините ќе го запазат законскиот рок за нивно раздолжување и најавува дека за годинава не се предвидени дополнителни средства за враќање на наталожените долгови што ги имаат единиците на локалната самоуправа и корисниците во нивна надлежност.
До средината на октомври годинава треба да бидат реализирани првите три инвестиции во преработувачката индустрија со средства од ИПРАД 2 програмата.
Ќе направиме се не само кадровски, туку и според стандарди да го развиваме системот на јавна внатрешна финансиска контрола, бидејќи е важен за функционирање на јавните финансии, истакна денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Изминатите две години напорно работевме на реформирање и подобрување на системот на јавни финансии, вклучително и на јавната финансиска контрола.
Над 160 претставници на корпоративни деловни регистри од над 60 држави од денеска присуствуваат на 16. годишна конференција на Форумот за корпоративни регистри што се одржува во Скопје и Охрид.