Растот на БДП од 3,7 проценти во четвртиот квартал од 2018 година и рекордното намалување на невработеноста на 19,4 отсто што го евидентира Државниот завод за статистика се резултат на позитивните економски политики и на спроведените мерки
Стапката на невработеност во четвртиот квартал годинава изнесува 19,4, а стапката на активност е 59,9, објави денеска Државниот завод за статистика.
Министерот за финансии Драган Тевдовски смета дека е реален проектираниот раст на БДП од 3,2 отсто за 2019 година и е оптимист дека растот на економијата годинава постојано ќе биде над три проценти.
Економскиот тим на Владата и пред се Министерството за финансии работи на решавањето на проблемот со надоместокот за складиштење на нафтените резерви кој постои со години и наша интенција е да биде затворен што побрзо, но притоа се водиме правилникот за чување на нафтените резеви да ги штити интересите на граѓаните, порача денеска министерот за финансии Драган Тевдовски.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јануари 2019 година, во однос на јануари 2018 година, е зголемен за 1,2 отсто.
Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива заклучи да изврши увид дали поднеле Анкетни листови за имотната состојба ректорите, деканите, директорите и заменици директори на институти при сите државни универзитети во Република Северна Македонија.
Околу 200 ученици во с.Гургурница, општина Брвеница добија ново училиште преку Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) на Министерството за финансии, кој се реализира со поддршка на Светска банка и Европската унија.
Бруто-домашниот производ (БДП) во четвртото тримесечје од 2018 година пораснал за 3.7 отсто, соопшти денеска Државбиот завод за статистика.
Одлична реализација од преку 3 милиони евра инвестиции само од почетокот на годинава преку Проектот за подобрување на општински услуги - МСИП, кој го спроведува Министерството за финансии со поддршка на Светска банка и Европската унија.
Конференција за поттикнување на политички дијалог за чиста, достапна и безбедна енергија во Република Северна Македонија ќе се одржи денеска во хотел Дабл Три Хилтон, информираат од МАЦЕФ- Центар за енергетска ефикасност на Македонија.