Законот за трговија на зелените пазари ќе почне да се применува од 1 јануари 2019 година, но можно е да се донесат измени во многу скоро време ако се констатираат какви било недоследности или ако се потврдат укажувањата на пазарџиите кои бараат негово одложување, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
Народната банка на Република Македонија (НБРМ) и Македонската банкарска асоцијација (МБА) склучија меморандум за соработка во сферата на финансиската едукација на населението во земјава со кој се предвидува двете институции заеднички да преземат низа активности што ќе бидат насочени кон покревање на нивото на финансиска писменост, како и унапредување и развивање на финансиската инклузија на популацијата.
Со цел поттикнување на претприемачкиот дух преку промоција на успешни примери, се доделија престижните награди „Претприемач на годината 2018“ за најуспешните претприемачи на микро и мали претпријатија во земјата.
Сите правни и физички лица кои по 25 декември 2016 година користеле средства од Повикот за ИПАРД програмата, а за реализација на инвестицијата подигнале кредит, ќе може да добијат финансиска помош од 50 до 75 отсто од каматната стапка на годишно ниво за период од 10 години.
Македонската развојна фондација за претпријатија, Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК) и Стопанска комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) денеска по 12. пат ја организираат традиционалната манифестација „Претприемач на годината“.
Пратениците во Собранието денеска на 71. седница ќе расправаат за дополнетиот предлог Буџет на Република Македонија за 2019 година во второ читање.
Предлог проектите на два тима од трета година на Економскиот факултет во Скопје беа избрани како најдобри од деветте групи кои денеска во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги презентираа своите решенија за нов финансиски инструмент за ФИТР.
Според Пеева-Ѓуриќ, неопходна е и извозна диверзификација – зголемување на бројот извозни производи кои имаат повисок степен на финализација и ниво на комплексност, пораст на бројот на извозни компании, како и зголемување на бројот земји во кои ќе се извезува.
Експерти, професори, сметководители, претставници на владини и меѓународни институции и организации, како и релевантни чинители во сметководствената дејност, дискутираа на конференцијата на тема „Функција и примена на Законот за вршење на сметководствени работи“ во организација на Комора на Сметководители на Македонија.
Стопанската комора на Македонија бара да се одложи примената на Законот за трговија на зелените пазари, што треба да почне од 1 јануари идната година, заради неможноста да се применат некои негови членови од почетокот на наредната година поради ненавременото носење на подзаконските акти и немањето дефинирани услови како ќе изгледа лиценцата за вршење дејност.