Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2018 година во однос на истиот период лани е зголемено за 15 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Вкупниот промет на индустријата во септември бележи пораст од 14,7 отсто во однос на септември минатата година, објави Државниот завод за статистика.
Стопанската комора на Македонија денеска во Скопје организира панел дискусија на тема „Финска како економија на знаење“.
Во Министерството за финансии денеска ќе бидат доделени наградите од Конкурсот за ученици од основното и средното образование по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври и Светскиот ден на осигурувањето ‒ 1 ноември.
Во Иновативниот центар на Факултетот за електротехника и информатички технологии денеска ќе биде одржана информативна сесија за можности за започнување на сопствен бизнис и поддршка на мали и средни претријатија, старт-ап и спин-оф компании.
Туризмот како стопанска дејност во светски рамки учествува со просечно десет проценти во Бруто домашниот производ (БДП) на секоја економија. Секое деветто вработување е во областа на туризмот, а токму со својата моќност како економска гранка туризмот секоја година ги урива рекордите и парадоксите, како и предвидувањата дури и на најопстимистичките експерти во областа.
Делегација на Агенцијата за вработување на Република Македонија предводена од директорката Билјана Јовановска денеска оствари работна средба со делегација на Агенцијата за вработување на Република Бугарија.
Буџетите во сите држави растат, како што расте економијата. Така што нормално е буџетот да расте, истакна вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
Фотоволтаичните системи на ЕВН Македонија, дизајнирани според потребите на корисниците, стануваат подостапни за сите заинтересирани. ЕВН Македонија и Шпаркасе Банка Македонија постигнаа договор за соработка, преку кој ЕКО кредитот на Шпаркасе Банка Македонија ќе може да се користи и за финансирање на фотоволтаичните системи што ги нуди ЕВН Македонија.
Македонските микро, мали и средни претпријатија покажуваат голем интерес за новиот јавен повик на Фондот за иновации и технолошки развој со кој ќе се кофинасираат нивните проекти. Досега во Фондот стигнале преку 700 апликации, а јавниот повик е отворен до 11 декември. Ова беше нагласено на денешната презентација на јавниот повик на Фондот пред прилепската бизнис заедница.