Ученици од основни и средни училишта во Македонија денеска презентираа иновативни проекти во рамки на иницијатива „Петок за млади“ на Фондот за иновации и технолошки развој, со цел да се поттикнат креативните вештини и иновативноста кај младите.
Со намалување на политичката неизвесност во Македонија се олеснува имплементацијата на планираните реформи во петте столбови: економски раст, реформи, услужни институции, едно општество за сите и членството во НАТО и ЕУ, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на конференцијата „Балканот и Европската Унија-Петогодишен циклус на Берлинскиот процес“ што се одржува во Будва.
Претставници на поранешни вработени во АД „Охис“ кој е во стечај денеска во Владата на Република Македонија имаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија Зоран Шапуриќ.
Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски денеска пред бизнис секторот, кои имаат производствени капацитет во неколкуте индустриски зони им го презентираше проектот за изградба на секундарна гасификациона мрежа.
На хартија Македононија има одлична подготовка за е-трговија, но во пракса е на претпоследното место од сите европски држави со само 20 проценти онлајн купувачи, беше истакнато на денешната Прва конференција за е-трговија во Македонија, што се одржува во Скопје.
Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека поради отежнато поднесување даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври годинава, рокот за поднесување ДДВ-04 пријавата се продолжува.
Во Скопје денеска ќе се одржи Првата македонска годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Фондот за иновации и технолошки развој организира Креативна работилница за младинско творештво на која ученици од неколку средни училишта од Македонија ќе претстават свои иновативни проекти.
Во Македонија, и институциите и бизнисот треба да обрнат повеќе внимание на иноваторството. Креативноста и иновациите се нешто што ја поткрева економијата, а еден добар патент може да обезбеди средства колку еден годишен буџет на Република Македонија.
Капиталните инвестиции треба среднорочно да се планираат, вели економскиот аналитичар Благица Петрески од „Фајненс Тинк“. Според неа, фактот што секоја година се реализираат само дел од планираните капитални инвестиции, тоа значи дека мора да се одредат приоритети.