Саем за мали бизниси „Создаваме брендови“ се одржува од денеска до 23-ти пред Скопје сити мол, со учество на 20. претприемачи кои претприемничката приказна ја почнале со грант од СОС Детско село.
На Македонија и се случува голема градежна инвестициска активност, истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески за време на денешната посета на пелагонискиот регион.
Министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис заедно со претставници од Операторот на националниот систем за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) и на Независниот оператор за пренос на електрична енергија на грчката електродистрибуција (АДМИЕ), во понеделник и вторник доаѓаат во Скопје на средби со претставници на македонската Влада и за потпишување меморандуми за сорабтка.
Во Владата денеска беа потпишани договори за национално кофинансирање на грантови за 40 проекти кои ќе се реализираат преку ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Репубика Грција. Нивната вкупна вредност е 15 милиони евра - 85 проценти се обезбедени од Европската Унија, а 15 проценти или 2,4 милиони евра се од државниот буџет, преку Министерството за локална самоуправа.
Нова, современа механизација што ќе му го олесни производството и ќе му ги намали трошоците, набавил земјоделецот Амир Ќаили од скопското село Грушино со средства од ИПАРД 1. Преку европските фондови добил околу 5.000 евра, а денеска го потпиша и новиот договор, од ИПАРД 2, вреден 21.000 евра со кој планира да инвестира во трактор, приколка, мал плуг, атомизер и валјак.
Платежната агенција денеска ги исплати првите 10 барања за средства од ИПАРД 2 Програмата.
Во Македонија има регистрирано 123.000 трговски марки. Свеста за значењето за заштита на индустриската сопственост е ниска, но има интерес, а цената за заштита само во Македонија не е висока.
Саемот за мали бизниси - Создаваме брендови ќе биде отворен денеска на платото на Скопје Сити мол во организација на СОС Детско село Македонија.
Изложувачи од 20 држави се очекува да се претстават на Вториот меѓународен саем на патенти, пронајдоци, иновации и нови технологии „Иновамак 2018“ што ќе се одржува од денеска до 23 септември во Домот на АРМ.
Ветеринарната комора на Македонија и Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска на фарма во село Радобор, Општина Могила, ќе потпишат меморандум за соработка со Здружението за рурален развој ЛАГ „Агро Лидер“.