Во следните неколку часа се очекува косовската Влада да се произнесе околу одлуката за зголемените царини за овошјето и зеленчукот, соопшти денека министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Сите компании кои аплицираа за грантови на повикот од Фондот за иновации и технолошки развој ќе бидат повикани во рок од 15 дена да се изјаснат дали во својата сопственичка структура имаат поврзаност со носител на јавна функција.
Во 34 одделенија на Управата за имотно правни работи низ Македонија можат да се поднесуваат барања за приватизација на градежно земјиште. Канцелариите се отворени за прием на барањата секој работен ден, од 7:30 до 16:30 часот.
Со измените и дополнувањата на Законот за минимална плата што вчера ги изгласаа пратениците, фирмите коишто на вработените ќе им ја покачат минималната плата ќе добиваат државна помош.
Косово ја воведе т.н. времена мерка на 18 јули годинава. Мерката предвидува 30 проценти повисоки царини за увезеното овошје и зеленчук, а ќе трае три месеци и важи за сите држави кои извезуваат на косовскиот пазар.
Во текот на минатата недела, царинските службеници открија три царински измами и спречија повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани рачни часовници, очила за сонце, ремени, паричници, алати, делови за автомобили, козметика, приврзоци, бижутерија, гранитни плочки, облека, патенти, ќеси и цигари.
Компанијата „Кастинвест“ соопшти дека се откажува од грантот за мали и средни претпријатија со брз пораст (газели) добиен од Фондот за иновации и технолошки развој преку повикот за мерките од третиот столб со владиниот План за економски раст.
Пратениците ќе добиваат понизок износ на патни трошоци, со измените на Законот за пратеници, што денеска беа изгласани во Собранието со 76 гласа „за“ и еден „воздржан“.
Македонската Влада прави се за да не воведе контра - мерки за Косово, но ќе го заштити домашното производство доколку и по закажаните министерски состаноци на регионално и билатерално ниво, одлуката за зголемени царини не биде повлечена, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).
Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).