Извештајот за работењето на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во текот на 2017 година денеска е на дневен ред на 76-тата владина седница.
Над дваесет физички лица во Гевгелија нудат преку интернет туристички услуги од помал обем. Зачетоците на овој бизнис, односно нудење ноќевање за туристите кои на пропатување кон Грција, по долгиот пат остануваат да преноќат во градот, почнува од 2015 година.
Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска ќе биде презентирана анализата финансирана од Европската унија за влијанието од директните плаќања врз земјоделството.
На сесијата ќе се разгледаат прашањата поврзани со вработувањето и регулацијата во доменот на трудот како исклучително значајни за општествениот развој, стабилноста и европската перспектива на Македонија.
Целта на конфеенцијата е да ја промовира размената на добри практики помеѓу земјите членки на ЕУ и членките на БАМИН, но и да ја спроведе Пленарната сесија на БАМИН за 2018.
Организацијата на потрошувачите на Македонија денеска ќе промовира брошура изработена во рамки на проект за запознавање на потрошувачите со колективната заштита на нивните права и ќе претстави наоди од изработениот документ за политики во областа.
Во Македонија во април годинава се потрошени 539.955 МWh електрична енергија, 6.391 милиони нормални метри кубниприроден гас, 291.161 тон јаглен и 84.814 тони нафтени продукти.
Вработени во акционерското друштво „ТЕ-ТО“ од Скопје во пишана изјава денеска дадоа поддршка за усвоениот План за реорганизација на компанијата.
До петок оваа недела трае јавниот оглас за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари во регионот на Свети Николе.
Синдикатот на наменската фабрика и загубар „Еурокомпозит“ го реактивира штрајкот поради неисполнените најави дека ќе се решаваат проблемите и статусот на оваа фирма, беше истакнато на денешната прес-конференција пред фабриката „Еурокомпозит“ во Прилеп.