Инфраструктурните проекти нема да се одолговлекуават и за нив ќе нема дополнителни трошоци доколку при одлучувањето навреме се вклучи јавноста, порачаа учесниците на денешната регионална конференицја.
Владата на Република Македонија денеска ќе одржи редовна седница на која ќе ги разгледа Правилниците за мерките од Планот за економски раст.
Македонија утре и задутре ќе биде домаќин на Првиот дигитален самит на земјите од Западен Балкан, кој е првиот од серијата настани од овој тип што ќе бидат организирани на годишно ниво.
Претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска и претседателот на претставништвото на Француската стопанска комора во Србија (CCI France Serbiе), Драгољуб Дамјановиќ потпишаа договор за воспоставување стратешко партнерство
Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев денеска и утре во Берлин ќе учествува на Четвртиот самит за енергетска транзициј.
Промотивна конференција за медиуми за почеток на проектот БалканМед ИННОВА - Балканско-Медитерански Центар за претприемништво и иновации ќе се одржи денеска во Стопанската Комора на Македонија.
Управата за јавни приходи на 27 април (петок) ќе организира јавна аукција и комерцијална продажба на голем број на предмети запленети од даночните обврзници.
Групацијата Скопски саем демантира написи во некои медиуми дека е банкротиран и оценува дека целта на таквите информации е да се оправда најавеното уривање на саемскиот простор и деловните објекти.
Политичката криза имаше сериозно влијание врз македонската економија, таа доведе до исчезнување на инвестициите од формулата за развој, а секако во земјата е пожелно да се видат инвестиции, а не само трошење.
За двете планирани наплатни станици на автопатот кај Гевгелија и кај Демир Капија, градежната дозвола е издадена пред три недели, а за завршување, како што изјави Китанов, се потребни околу осум месеци.