Просечната месечна нето-плата исплатена во јануари изнесува 24.025 денари и е зголемена за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС).
Поради родовата нееднаквост и малото учество на жените на пазарот на труд се прават загуби од околу 15 проценти во Бруто домашниот производ, укажуваат од Светска банка.
На едно четиричлено семејство во Македонија му биле потребни 32.383 денари за основните месечни потреби во февруари, покажуваат податоците на Синдикалната минимална кошница.
Во блок трансакција завчера се истргувани 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари.
Поедноставување на системот за извозни, увозни и транзитни дозволи е една од темите на која се разговара на работниот состанок во просториите на Царинската управа, од 19 до 23 март реализиран со поддршка на Проектот за регионален економски развој финансиран од УСАИД.
Министерството за труд и социјална политика се уште работи на планот за стабилизација на Фондот за пензиско осигурување на Македонија со кој ќе ја намали висината на средствата што државата ги уплаќа за да се овозможи редовна исплата на пензиите.
За поквалитетна промоција на туристичките потенцијали на државата, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) објави нова едиција водичи.
Промени на крвниот притисок, главоболки, вртоглавици, лоша циркулација на крвни садови..., деновиве имаат хронично болните и другите пациенти поради наглите температурни разлики.
Воведување доплата за ненавремено осигурени возила предлага Националното биро за осиурување на РМ, со цел да се реши проблемот со големиот број неосигурени, односно нерегистрирани возила.
На новата сезонска рута „Онур ер“ ќе лета еднаш неделно, со тргнување од аеродормот „Ататурк“ во Истанбул во 13.40 часот, и враќање од Охрид за Истанбул во 15 часот. Летовите ќе бидат со авиони од типот Ербас А320.