Комерцијална банка АД Скопје ја известува јавноста дека на 21.03.2018 година во блок трансакција беа истргувани вкупно 298.003 акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, по цена од 3.750 денари по акција, во вкупна вредност од 1.117.511.250 денари.
Најголем дел од транспортерите членки на здружението „Кипер” ги добија парите кои ги побаруваа од кавадаречкиот комбинат „Фени” за транспорт на руда, потврди за МИА претседателот на Здружението Трајче Пејовски.
Министерството за финансии подготвува платформа со која јавноста ќе има увид во исплатите од Трезорот, најави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски на дебатата за предизвиците во реформите на јавната администрација.
Крајниот рок за изградба на автопатот Кичево – Охрид ќе биде 30 јуни 2021 година, информираше министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Од откупениот тутун, од типот Јака се откупени 2.447.601 килограми, со просечна откупна цена од 212,93 денари за килограм, а од типот Прилеп се откупени 21.111.455 килограми со просечна откупна цена од 218,14 денари за килограм.
Владата на денешната седница го прифати текстот на Анекс бр. 1 кон Договорот за изградба на патната делница Кичево-Охрид за продолжување на рокот за изградба помеѓу Јавното претпријатие за државни патишта и Sinohydro Corporation Limited.
Во интервју за Топ тема вели дека има добри движења на девизниот пазар, има прилив на девизи и оти од почетокот на годината имаме невообичаено исклучително стабилен девизен пазар.
Сидикатот на прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ бара Владата да го исполни и последниот услов од договорот – смена на раководството на компанијата, соопшти денеска на прес-конференција пред фабриката Синдикатот на „Еурокомпозит“.
Повлекувањето на ИПАРД средствата треба да доведе до структурни промени во македонското земјоделство, до промени во управувањето со земјоделските стопанства, производството и пласманот, порачаа учесниците на денешната дебата во Собранието на Република Македонија.
Сите самохрани родители кои имаат плата и месечни приходи во износ до минималната плата утврдена со Закон од денеска ќе бидат ослободени од плаќање партиципација за сместување дете во јавна градинка, информира Министерството за труд и социјална полит