Пресудно за изборот, според банките, биле роковите и условите за исплата на побарувањата. Предвид биле земени и побарувањата на работниците за плата, кои се веќе исплатени, како и раздолжувањето со другите доверители во стечајната постапка.
Раскинувањето на Договорот за Казандол е извесно, по утврдени недоследности во однос на роковите за изградба на рудникот. Се очекува за седум дена Министерството за економија да ја подготви информацијата дека се исполнети условите за тоа, изјави владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
Компаниите генерално немаат забелешки за мерките од третиот столб на владиниот План за економски раст, но имаат нејаснотии во однос на условите и критериумите што се различни од мерките во првиот и вториот столб.
Утре е последниот рок до кога граѓаните кои оствариле екстра приходи, треба да ги достават годишните даночни пријави. Управата повика да се исполни законската обврска, во спротивно, предвидени се казни.
Утре истекува рокот на самостојните вршители на дејност за поднесување годишни сметки во хартиена и електронска форма до Централниот регистар.
Според Владата, овој закон претставува своевидна шема за поддршка согласно прописите со кои се уредува контролата на државната помош за инвестициите.
Владата на Република Македонија на синоќешната 58. седница реши да биде раскинат договорот за концесија за експлоатација на минерална суровина, бакар, злато и сребро, на локалитетот „Казандол“, кој ги опфаќа општините Валандово, Богданци и Дојран.
Има правни основи да се раскине договорот за концесија за рудникот Казандол во Валандовско, најави вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.
Министерството за финансии на денешната аукција на државни хартии од вредност запиша 5,724 милијарди денари (93,1 милиони евра).
Ве уверувам дека странските инвеститори се добредојдени во Република Македонија порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на денешната тркалезна маса во Антверпен, Белгија