ССК и АЦВ потпишаа Меморандум за соработка за имплементирање на современи трендови за поголема продуктивност на компаниите.
Научна конференција „Данок на додадена вредност – измени во однос на физичките лица даночни обврзници: дилеми и перспективи“ ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“.
Бензините и дизел-горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден и пол денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Винарската визба „Тиквеш“ денеска соопшти дека на лозарите целосно им ги исплатила средствата за откупеното грозје од последната берба.
„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – март 2017 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех, соопштија од компанијата.
Пари во Буџетот за исплата на субвенциите има и доколку Уставниот суд ја прифати поднесената иницијатива за членот од Изборниот законик, нема да постојат пречки за исплата на земјоделските субвенции.
Во Народната банка вчера се одржа свеченост по повод 25-годишниот јубилеј од монетарното осамостојување на Република Македонија.
Од денеска до 10-ти мај земјоделците можат да поднесуваат барање за проценка на штети од доцните пролетни мразови настанати на 21 и 22 овој месец.
Arabian Travel Market (АТМ) e еден од најголемите саемски манифестации во Азија на кој Македонија ги претстави своите природни убавини, традицијата, активностите во природа и гастрономскиот туризам.
Во Ликовната галерија на НЛБ банка АД Скопје вечер ќе биде отворена изложба по повод 25 години од монетарното осамостојување на Република Македонија.