Домашни инвеститори, бизнис ангели и претставници на фондови денеска ќе присуствуваат на вториот јавен „Инвеститициски ден“ што ќе се одржи во просториите на Сеавус Инкубатор.
Сојузот на синдикати на Македонија преку соопштение тврди дека генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати Лука Висентини денеска упатил писмо до ССМ во кое дава поддршка за претстојниот Конгрес.
Без разлика дали во понеделник ќе се добие подобрена понуда од Енекод или ќе се отвори било каква постапка во Фени таа ќе заврши со активно реструктуирање на компанијата и со понатмошна нејзина деловна активност за најдоцна 1,5 до два месеца.
Македонија и Црна Гора договараат заеднички туристички производ што ќе биде понуден на трети пазари. За да ја подобрат економската соработка кој е на незавидно ниво, освен во туризмот, предвидуваат зајакнување на односите и во прехранбената индустрија.
Пополнети се хотелите во Берово, Охрид и Скопје за новогодишните празници. Македонија станува се поинтересна дестинација поради што, според туристичките работници, треба да се размислува за зголемување на хотелските капацитети.
Во септември годинава споредено со септември минатата година имало за 29,1 процент повеќе странски туристи, со 22,8 проценти повеќе ноќавања, а за 10 проценти повеќе домашни туристи, кои бележат повеќе ноќевања за 23,8 проценти.
Домаќинско и ефикасно управување во работењето со државните пари, непречена и навремена исплата на плати, пензии, социјални траснфери и раздвижување на економијата преку сериозни капитални инвестиции и поддршка на нови инвестиции.
Во септември годинава се издадени 222 одобренија за градење, што е за 25,3 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот зваод за статистика.
Неговото писмо му претходи на престојниот вонреден конгрес на ССМ, кој треба да се одржи утре во Охрид, и на кој ќе се избере новиот претседател. Димовски е единствен кандидат.
Европската комисија во најновиот есенски економски извештај предвидува дека Македонија годинава ќе ја заврши со економски раст од 1,7 отсто.