Компанијата „Макпетрол“ одбележува 70 години од работењето со раст од 31 процент во малопродажбата на нафтени деривати, како и нето добивка по оданочување во износ од 142 милиони денари во првите седум месеци од годината.
Според ресорниот министер Драган Тевдовски, Владата е целосно решена системот на јавни финансии во Македонија да се донесе на повисоко ниво како во ЕУ.
Претставниците на групата МК 2025, како што соопшти владината прес-служба, изразиле поддршка на реформските политики на Владата во кои што гледаат реална можност за вклучување и придонес на дијаспората за развој на економијата во Македонија.
Претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска, која ја предводи делегацијата на 10. Светски коморски конгрес во Сиднеј, претседаваше со сесија посветена на инфраструктурата.
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска организира трибина на која пред претставниците на меѓународната заедница во Република Македонија ќе бидат презентирани мерките од „Планот за економски раст“ на Владата.
Продолжената политичка неизвесност го зеде својот “данок” врз економскиот раст, преку страдање на инвестициите поради слабите одлуки.
Бензините од ноќеска на полноќ ќе добијат повисока цена за половина денар по литар, а цената на дизел горивата се зголемува за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Лиценците треба да ги заменат сегашните легитимации кои туристичките водичи ги добиваат со полагање седум испити на кој било факултет за туризам во државава.
Управниот одбор на АД ЕЛЕМ прави се што е во неговите можности да се зголеми производството и да се минимизира потребата од увоз на електрична енергија или да не се увезува до крајот на годинава.
Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) бара средба со министерот Љупчо Николовски на која би се разговарало за долгорочни и краткорочни мерки за проблемите и предизвиците во јаболкопроизводството.