За иновативни проекти Македонија искористила само девет проценти од вкупно 9,5 милиони евра што и се на располагање преку проектот за поддршка од Светска банка, информира денеска директорот на Фондот за иновации и развој, Јован Деспотовски.
Вицепремиерот Анѓушев ги презентирал и мерките од владиниот План за економски раст и порачал дека странските инвеститори, вклучително и оние од Белгија, се добродојдени да инвестираат во Македонија.
Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) смета дека годинава ќе ја заокружиме со максимум 0,7 отсто економски раст, наспроти последните проценки на Светска банка за раст од 1,5 проценти.
Првиот состанок на работната група, како што соопшти Министерството за економија се одржал во Софија за време на официјалната посета на министерот за економија Крешник Бектеши, а Меморандумот за соработа во областа на природниот гас беше потпишан на 1 август оваа година во Скопје.
Состојбата во металургијата во земјава во моментов е поповолна, но ефектите врз вкупната економија ќе се почуствуваат подоцна, оцени денеска Митко Кочовски, претседателот на Здружението на металургијата при Стопанската комора на Македонија.
Македонските вина се промовираат на пазарите во Данска со посебен акцент на сортата „вранец“ како најголем репрезент на македонската винарска индустрија.
На вкупно 194.832 физички и на 60.205 правни лица им се блокирани трансакциските сметки на крајот на јуни оваа година, покажува платежната статистика на Народна банка на Република Македонија.
Податоците на Фондот покажуваат дека во моментов македонските граѓани имаат 3,8 милијарди евра заштеда во банките и штедилниците во земјава.
Фени индустри” доби нов сопственик – бугарската компанија „Енекод”, нема да оди во стечај и сите работници ќе останат со статусот што го имаа, информира денеска претседателот на Синдикатот за индустрија, рударство и енергетика Пеце Ристевски.
Според Светска банка влијание на ваквите очекувања за раст од 1,5 проценти имала политичката нестабилност во првата половина од годината. Главни двигатели на растот се очекува да биде потрошувачката, поттикната од зголемувањето на вработувањата и инвестициите.