Навиките за патување се сменети под влијание на Ковид-19 кризата. Туристите патуваат во помали групи, во помалку истражени места како национални паркови, планини и рурални места и сакаат да истражуваат локални искуства и храна. Земјите од Западен Балкан имаат вакви природни богатства и традиција и ова е одличен момент за зајакната регионална соработка
Комората на сметководители на Македонија при Сојузот на стопански комори предлага да се пролонгираат роковите за поднесување на годишните и финансиските извештаи како дел од петтиот пакет економски мерки
На конференцијата ќе учествуваат и гости од Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина
Следниот месец на граѓаните кои скенирале фискални сметки во последните три месеци од 2020 година преку апликацијата МојДДВ ќе им бидат вратени 6,1 милион евра
Земјава ќе добие техничка помош од Република Турција за воспоставување земјоделски осигурителен систем
Занаетчиите бараат од државата да бидат опфатени со петтиот антикризен пакет, да продолжи мерката за минимална плата која се движи од 17.410 до 21.700 денари, таа да биде безусловна и да нема нејзин поврат, како и да добијат еднократна финансиска помош за да ги покријат заостанатите индиректни трошоци
Депозитите во декември забележаа раст на месечно ниво од три проценти, додека кредитите 1,1 отсто
Просечната месечна исплатена нето плата по вработен, во ноември 2020 година, изнесува 27.588 денари и е за 7 отсто повисока во споредба со истиот месец од претходната година
Поумерени негативни ефекти од здравствената криза врз економската активност и поповолни движења во домашната економија се забележани во последниот квартал од 2020 година, во однос на претходниот квартал, оценува Народната банка врз основа на расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал од 2020 година
Наместо како одговор да добиваме „ќе” видиме и „ќе” разговараме, го замолуваме вицепремиерот Битиќи итно да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата има сериозни намери со петтиот сет мерки да донесе мерки за разумна помош и поддршка за угостителската индустрија во рамки на возможното