Дигиталните перспективи на регионот во контекст на интеграцијата во Европската Унија е главна цел на Дигиталниот самит за Западен Балкан во организација на Регоналниот совет за соработка, што се одржува он лајн во Тирана во рамки на Берлинскиот процес и Мултигодишниот акциски план на регионалната економска област за Западен Балкан
Царинските стапки треба да претрпат промени и со четвртиот пакет мерки ќе го отвориме целосно царинскиот тарифник со цел негово усогласување со тарифите на Европската унија, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи
Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги
По 13 години активности на повеќе научни и стручни институции и асоцијации усвоени се 10 комплети еврокодови за градежништвото составени од 59 европски стандарди и 57 национални анекси
Финансиската поддршка за исплата на платите во стопанството заради проблемите предизвикани од корона кризата ќе продолжи и во 2021 година доклку е потребно, потврди денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи
Сите мерки за енергетската ефикасност, вклучително мерката за субвенционирање на ПВЦ-прозорци, за печки на пелети и инвертери и други мерки ќе бидат предвидени во наредниот буџет и ќе се реализираат наредната година, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, прашан дали во буџетот за 2021 година е побарано враќање на укинатите субвенции поради состојбата со КОВИД-19
Угостителите се помогнати со сите сетови економски мерки кои се усвоени од првиот до четвртиот. Во четвртиот сет економски мерки се вклучени за исплата на плати, а дополнително од први наредна година ќа има и намалување на ДДВ-то на угостителските објекти, изјави министерот за економија Крешник Бектеши
Нови 38 договори и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра од кои 29,4 милиони евра се планирани инвестиции по новите 38 договори во текот на минатаа недела се потпишани со компании согласно Законот за финансискка поддршка на инвестициите
Меѓународната невладина организација „Македонија2025" ја освои престижната награда за мал бизнис 2020 (Small Business Awards), и е прогласена за најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа
Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи онлајн прес-конференција за еврокодовите како услов за поконкурентно македонско градежништво на европските пазари