Во кино „Милениум“ вечерва е отворен 4. „Киненова“ – интернационален фестивал посветен на дебитанти, на кој се натпреваруваат седум филма кои се први или втори остварувања на режисерите
Организаторите на овогодинешното одбележување на Светската недела на вселената испраќаат моќна порака за инклузија – „Сите делиме иста месечина“!.
Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ од Охрид денеска го објави конкурсот за најдобра поема за 2019 година.
Ми изгледаше многу важно да покажам и за Русија, а и за другите земји, колку може да биде опасно експериментирањето со демократијата и колку лесно прикривајќи се со демократски идеали може да се расипе самата идеја за демократијата.
По една година од почетокот на снимањето на „Врба“, режисерот Милчо Манчевски денеска соопшти дека светската премиера на неговиот шести игран филм ќе биде на 19 октомври на 14. Филмски фестивал во Рим. „Врба“ ќе биде прв македонски филм што ќе учествува во официјалната селекција на овој фестивал, селектиран од уметничкиот директор Антонио Монда
Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата на академскиот сликар Љупчо Бојаров
Градскиот театар за деца и младинци од Велес денеска во Домот на културата во Делчево ќе ја изведе претставата „Волшебниот часовник“ работена според руска бајка во режија на Младен Крстевски, а со што ќе ја стартува новата сезона
На покана на Францускиот институт од Париз, во соработка со Францускиот институт од Скопје, кореографката Рисима Рисимкин е поканета на Биеналето на уметноста во Тулуз во Франција, каде што престојува од 3 до 6 октомври. Таа ќе има можност да ги сподели искуствата на современата сцена кај нас и да договори гостувања на уметници од Франција и на наши уметници надвор од државава
Прилеп е домаќин на дводневниот меѓународен научен собир „Доцносредновековни градови во централните делови од Балканскиот Полуостров, генеза развиток и структура“, на кој своите научни истражувања ги изнесуваат 27 учесници од Грција, Бугарија, Србија, Хрватска и од нашата земја
Второто издание на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски- Антево перо“ ќе биде отворена вечер, во спомен собата на Анте Поповски во Центарот за култура во Општината Ѓорче Петров во Скопје со официјално прогласување на победник на Конкурсот „Антево перо“ за 2019 година, за необјавена поетска книга на македонски јазик