Приелпскиот театар „Војдан Чернодрински“ покрена иницијатива до Министерството за култура да биде посебен правен субјект и да се одвои од Центарот за култура „Марко Цепенков“, во чиј состав е од 2004 година.
„Кина во моите очи“ e насловена фото-изложбата која денеска беше отворена во Занаетчискиот дом во Куманово, во организација на Амбасадата на Народна Република Кина, Општина Куманово и Друштвото за македонско-кинеско пријателство, во чест на 70-годишнината од основањето на Народна Република Кина.
Министерот за култура Хусни Исмаили, амбасадорката на Турција во земјава Тулин Еркал Кара и директорот на Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Серхат Кула, денеска го посетија Куршумли ан, каде што треба да биде сместен Турскиот културен центар.
Романот „Маџун“ на Влада Урошевиќ е избран за македонски претставник за меѓународната награда „Балканика 2019“. Одлуката едногласно ја донесе жири во состав: проф. д-р Елизабета Шелева (претседател) и проф. д-р Ермис Лафазановски и проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска (членови).
„Од рајот“ е филм што треба да се гледа од необичен агол и претставува премин на време од паганскиот свет во времето на раното христијанството, појасни денеска сценаристот и режисер на филмот Срѓан Драгојевиќ, на прес-конференција по повод успешното завршувањето првиот дел од филмот што се снимаше во земјава
Националната установа „Тетовски театар“ е домаќин на седмиот меѓународен театарски фестивал во Тетово од утре до 2 октомври на кој ќе бидат одиграни шест претстави
„Остен биеналето на наградени автори 2019“ што беше отворено на 12 септември годинава во Охрид, како дел од Програмата за престој на уметници „Златен остен“, официјално завршува денеска
Во изложбениот салон на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово вечер во 20 часот ќе биде отворена изложба на слики од 25. Интернационална кичевска ликовна колонија
Празникот прогласен од Советот на Европа и поддржан од Европската унија – Европскиот ден на јазиците, што се празнува на 6 декември, ќе биде одбележан денеска со манифестација во Софија, Бугарија во Националниот музеј „Земјата и луѓето“.
Музичката поема „Така зборуваше Заратустра“, антологиско дело на Рихард Штраус, вечер од 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона на Филхармонијата, која концертот го наслови „Моќта на Заратустра“. Новата сезона 2019/2020 ќе се одржува под слоганот „Моја бесмртна љубов“, посветен на Лудвиг ван Бетовен (1770-1827).