Во галеријата на Националната установа Центар за култура Крива Паланка денеска беше отворена изложбата на уметнички дела од хартија работени во квилинг техника под менторство на Фросина Стојчевска
Граѓаните кои поседуваат накит што се користел со народните носии може да го изложат во рамки на изложбата која ја подготвува Музејот на тетовски крај за крајот на годината. Од Музејот ги повикуваат граѓаните да придонесат со презентирање на накитот со оглед дека во оваа установа постои само мал број на предмети од таков етнолошки материјал
Изложба на „Македонски стрип автори“, во организација на кумановскиот Центар за култра во соработка со македонскиот стрип центар Велес, вечерва ќе биде отворен во изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев во Куманово
Kарневалската група „Кико Стил” со маските „Златните потковици” и „Белите Соколи”, ООУ „Маршал Тито”-Струмица со маската „На бишка џнгрлак” и балетското студио „Газели“ од Радовиш со маската „Танцот на Кабаутерите”, учествуваа на Меѓународниот летен карневал во Брач, Хрватска
Со едночасовен настап во Нишкиот културен центар, синоќа фолклорната група „Копачка“ од село Драмче, Делчево ги затвори Деновите на македонската култура во Ниш
Синоќа во Битола пристигна вториот лауреaт на 40 –тото јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, Јоргос Арванитис, еден од најважните европски кинематографери на сите времиња, чија работа ги обликувала филмските визии на генерации синеасти од целиот свет
Фестивалот Млад отворен театар денеска на програмата ќе има две претстави – во Скопје и во Велес, а ќе организира и предавање со дискусија на Мајк ван Гран од Јужна Африка
Во рамките на десеттото јубилејно издание на фестивалот на фотографија „Фотори“ што се одржува во Ријека вечерва пред хрватската публика ќе биде претставена современата македонска фотографија со три изложби: „Актуелен момент во македонската фотографија“ која е избор на дела на триесетина македонски современи автори, изложба на Боро Рудиќ и на Кирил Штрков, соопшти Фото сојуз Македонија.
Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија денеска ја промовираше аудиокнигата „Ова не е крај“ посветена на Тоше Проески, како и звучното месечно списание „Панорама“, кое е гласник на Сојузот за информирање на слепите и слабовидните лица од земјава и од регионот.
Фестивалската публика денеска имаше уникатна можност да проследи мастер-клас со водечкиот светски кинематографер Едвард Лакман, лауреатот на годинашното јубилејно издание на „Браќа Манаки“, модериран од неговиот колега и стар пријател на фестивалот, Најџел Волтерс од кинематограферската асоцијација ИМАГО, соопшти тимот на ИФФК „Браќа Манаки“.