Во Домот на култура „Илинден“ љубителите на фолклорот имаа можност да уживаат во настапот на Културно уметничкото друштво „Дрежник“ од Општина Решетари, Хрватска
Книгата „Нови драми“ од македонскиот прозаист и драмски автор Томислав Османли е објавена од книгоиздателството „ВиГ Зеница“ од Скопје
Кинотеката вечер за филмофилите организира ретрокино со неколку наслови од филмската класика, снимени во класичните формати 16 мм и 35 мм. Ќе бидат прикажани во паркот на Кинотеката од 20 часот
Седум претстави и еден документарен филм се на програмата на шестиот Меѓународен фестивал на комедијата „Гола месечина“, кој Театар Комедија го организира секоја година во соработка со Општина Аеродром во населбата Ново Лисиче
Во Музејот на Град Скопје вечер од 20 часот ќе биде отворена изложба „Патешествие“ на промотивни постери и плакати од концерти и изданија на Влатко Стефановски, која е вовед во петтиот фестивал на музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој ќе се одржува во Кинотеката од утре до 7 септември
Неколкуилјадната публика од повеќе македонски градови и градови од соседна Бугарија синоќа на градскиот плоштад во Крива Паланка уживаше во фестивалот на радоста – Џојфест
Изложба на дигитални колажи на Марија Смилевска ќе биде отворена вечер во 19 часот на плоштадот во Автокоманда, во организација на Културниот центар 750
На градскиот плоштад во Крива Паланка вечер во 20 часот ќе почне фестивалот „Џојфест“, на кој главна ѕвезда е Влатко Стефановски
Здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од денеска до 9 септември организира уметничка резиденција на двајца уметници од Хрватска – кореографката и изведувач Соња Преград и визуелниот уметник и изведувач Марко Гутиќ Мижимаков
Селото Тресонче денеска и утре одбележува два века од раѓањето на Дичо Зографот. По овој повод, здружението на граѓани „Брзовец“ организира „Меморијал Дичо Зограф“